fbpx

Денеска облачно и посвежо, со температури до 28 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со засилен ветер од северен правец. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а во попладневните часови врнежите од дожд ќе престанат и облачноста ќе се намалува.

Утринската температура се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне облачно со локален дожд, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

Од утре синоптичарите најавуваат стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...