fbpx

Денеска нов обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

-

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“.

Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

На претходното рочиште, кое се одржа на 20 декември минатата година, адвокатскиот тим на Заев побара изземање на јавниот обвинител во случајот, Владимир Милошевски, бидејќи, како што рекоа, против него е поднесена кривична пријава до Специјалното јавно обвинителство за повеќе кривични дела, која била процесирана од страна на СЈО. Тие од судот побараа запирање на судската постапка за случајот „Поткуп“ додека СЈО не донесе одлука во однос на обвинувањата против обвинителот Милошевски и други лица, на кои се однесува кривичната пријава.

Од СЈО истиот ден потврдија дека политичката партија СДСМ до нив поднела кривична пријава против обвинителот Милошевски и други лица и дека сè уште се испитуваат наводите во кривичната пријава, но демантираа дека водат предистражна постапка против обвинителот.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го одби барањето на адвокатите на Заев за изземање на обвинителот Милошевски. Решението на обвинителството беше потпишано од обвинителот Златко Биковски, на што повторно реагираа адвокатите на Заев, кои рекоа дека решението е незаконско.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...