Ден на жалост во Русија, поради пожарот во Камерово во кој загинаа 64 лица


       
Москва, 28 март, 2018 - 10:34 (META) 

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост, поради жртвите во пожарот во сибирскиот град Камерово, во кој загинаа 64 лица, од кои 41 деца.

Руските знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а културните институции и медиумите ќе прекинат да емитуваат забавни содржини.

Пожарот избувна во неделата на 25 март, во трговскиот центар „Зимска вишна“. За сега причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек. Речиси сите загинати се задушиле од чадот.