fbpx

Ден на жалост во Либан

-

Либан денеска прогласи национален ден на жалост по двата самоубиствени напади во кои претходниот ден загинаа 43 лица на југот на Бејрут.

Локалната телевизија ги посвети утринските вести на нападите кои се случија доцна синоќа во најпрометната населба, упориште на шиитското движење Хезболах.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.

ОН овој чин го окарактеризира како „гнасен“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го осуди вчерашниот напад, повикувајќи ги безбедносните служби на Либан и државните институции „да не дозволуваат овој одвратен чин да го уништи релевантниот мир, кој владеел во земјата во изминатата година“.

Ова е прв напад на упориште на Хезболах во Либан по повеќе од една година, додека иранските групи го засилуваат својот ангажман во соседна Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...