fbpx

Демонстрантите против загадувањето му оставија црни балони на Град Скопје

-

Со транспаренти „Сакаме чист воздух“, „Скопје = Смогје“ и „Белите дробови ни се црни“, стотина граѓани денеска се собраа на протест во Градскиот парк за да го искажат револтот од енормното загадување на амбиенталниот воздух.
Баже Јосифовски од „Ајде Македонија“ рече дека Македонија има најголемо загадување од ПМ10-честички во Европа и дека има повеќе од 300 дена загадување на воздухот.

– Луѓето не се грижат за животната средина. Големите компании се најлоши, тие имаат пари да кажат дека се зелени, а ние секојдневно се задушуваме. Мораме постојано да си го бараме правото на чист воздух, но и да дејствуваме – рече Јосифовски.

Новинарката Менче Точи рече дека последиците од загадувањето може да бидат катастрофални и дека на Македонија ѝ се случува катаклизма.

– Како да дишеме? На жабри? Годишно по 1.300 луѓе умираат од загадувањето. Проблемот е сериозен и бара учество на централната и на локалните власти, кои се несериозни и како раштиман клавир. Нешто мора да се смени, а ние мора да ја промениме свеста – рече Точи.

Граѓанин од Кисела Вода рече дека крајно време е граѓаните да се освестат и дека сите имаме обврска за нашите деца. Тој додаде дека само со упорност ќе се дојде до саканиот резултат.

Дел од демонстрантите носеа црни балони, кои го симболизираа загадувањето. На крајот од протестот балоните завршија во бараките каде што се наоѓа градската администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...