fbpx

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

-

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина.

„Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство или судот направиле повреда на законите или, уште полошо, работеле под притисок и диктат на власта. Доколку е така, мора да има повторно судење, за секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, како и да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. На овој начин има логика Специјалното јавно обвинителство да го застапува обвинението против осумнаесеттемина за шпионажа, уцени и за други кривични дела, а да се бара намалување на казните без да се изведат докази за тоа дека казните се одредувани по налог на партијата на власт или моќници од безбедносните служби, тоа е апсурд и нема правна логика и аргументи“, стои во денешното соопштение на Демократски сојуз.

Специјалното јавно обвинителство на јавната седница во Апелацискиот суд, во петокот минатата недела, ги одби како неосновани најголем дел од жалбите поднесени од обвинетите во случајот и нивните адвокати на пресудата на Кривичниот суд. СЈО ги прифати само жалбите на одбраната во врска со висината на казните на обвинетите и побара дополнителни вештачења на доказите за дел од кривичните дела за кои се обвинети Горан Стојков, Цветан Дамјански и Марјан Ефремов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...