fbpx

„Делфина“ ги одложи автобуските линии за попладне, „Галеб“ заглави кај Кичево

-

Вистинска драма и кошмар поминаа синоќа многу патници, на патниот правец Кичево – Охрид. ЈП „Македонија пат“ потфрли целосно, како да беше изненадено од снегот среде зима. Вчера попладне, од Охрид кон Кичево ниту едно возило не го чистеше снегот, додека во градот екипите на „Охридски комуналец“, потпомогнати со возила на приватни компании, со чистење почнаа дури по 21 часот.

Поради лошите временски услови, и утринава сообраќајот се одвиваше со големи тешкотии. Возеа само најхрабрите, додека автобускиот превоз дел од компаниите го одложија за попладнево.

Од транспортната фирма „Делфина“ официјално информираа за откажаните и за одложени линии и релации на кои возат нејзините автобуси.

– Линиите Кичево – Битола и Кичево – Охрид се откажани. Линиите Скопје – Кичево и Скопје – Охрид моментално се планира да се реализираат во 16 часот, со еден автобус. Линијата Кичево – Скопје моментално се планира да се реализира во 16:30 часот, а за линиите Охрид – Скопје се чека отварање на патниот правец кај Пресека – информираат од „Делфина турс“.

Оттаму додаваат дека конечните информации за планираните линии ќе бидат доставени еден час пред поаѓањата, во зависност од временските услови.

Дел од автобусите на АД „Галеб“ тргнаа за Скопје, но заглавија на непроодните снежни патишта кај Кичево. Како што информираат од транспортната фирма, тие се стационирани на безниска пумпа на патот.

– Греењето во автобусите работи, во исчекување сме да се отвори патот преку Пресека или Демир Хисар за да ги довеземе патниците конечно до Охрид – велат од „Галеб“.

Снегот што континуирано паѓа од вчера, го парализира сообраќајот на регионалните и на магистралните патни правци во југозападниот дел од земјава, поради што патниците со часови останаа заглавени во своите возила.

Патниците, за сите подетални информации, можат да се обратат на телефоните 02/3211-878 и 046/260-420.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...