This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Sep 24 19:30:29 2017 / +0000 GMT

Делев: Бркањето на странските инвеститори ќе им користи само на тајкуните на СДСМ




Прес-конференцијата на Владата за странските инвестиции е уште еден обид за манипулација на јавноста и за нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека новата влада, во паника од економски колапс, денеска излегла со неточни информации во делот на странските инвестиции.

- На денешната прес-конференција, од СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за повеќе од 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 милиони евра за креирање на повеќе од 25.000 работни места, плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и Владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем, најголема ставка е ДДВ, кој според закон е повратен - изјави Христијан Делев во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека бркањето на странските инвеститори „ќе им користи само на тајкуните на СДС“ и ќе ја намали просечната плата.

- Оваа погубна политика на СДС мора за престане. Доколку оваа лудило продолжи, Македонија ја чека економски колапс, полош и од криминалната транзиција - рече Делев.
Post date: 2017-09-13 17:43:22
Post date GMT: 2017-09-13 15:43:22
Post modified date: 2017-09-13 20:21:26
Post modified date GMT: 2017-09-13 18:21:26
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com