fbpx

Делев: Бркањето на странските инвеститори ќе им користи само на тајкуните на СДСМ

-

Прес-конференцијата на Владата за странските инвестиции е уште еден обид за манипулација на јавноста и за нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека новата влада, во паника од економски колапс, денеска излегла со неточни информации во делот на странските инвестиции.

– На денешната прес-конференција, од СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за повеќе од 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 милиони евра за креирање на повеќе од 25.000 работни места, плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и Владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем, најголема ставка е ДДВ, кој според закон е повратен – изјави Христијан Делев во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека бркањето на странските инвеститори „ќе им користи само на тајкуните на СДС“ и ќе ја намали просечната плата.

– Оваа погубна политика на СДС мора за престане. Доколку оваа лудило продолжи, Македонија ја чека економски колапс, полош и од криминалната транзиција – рече Делев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...