fbpx

Делегацијата на ЕУ ги повика партиите да бидат одговорни и да го поддржат СЈО

-

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство и одговорно да дејствуваат.

– СЈО е договорено од страна на сите политички партии, како дел од Договорот од Пржино и сите политички партии повеќепати се заложија да ја поддржат работата на СЈО. Европската Унија ги охрабрува сите страни да дејствуваат во согласност со овие заложби и ја подвлекува важноста на одговорно дејствување – соопштија за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ, одговарајќи на прашање како ја коментираат изјавата на Никола Груевски дека нема да ги поддржат барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека владејачката партија нема да ги поддржи барањата што Јанева ги достави до Собранието, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и за приватност, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија.

– Обезбедивме сè што беше потребно. Буџет, средства, вработувања, простории, логистика и сè што ѝ беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно усогласени со опозицијата, и не сметаме дека има потреба од нивно проширување, надградување или правење на некој нов договор – рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...