fbpx

Делегација на Стопанска комора ќе учествува на Евроазискиот економски самит

-

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит, што ќе се одржи во Истанбул на 11 и 12 април.

Самитот има за цел да придонесе за зајакнување на економските врски помеѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балкан и Блискиот Исток. На Самитот ќе бидат опфатени темите „Технологијата наспроти политиката“, „Паметни градови“, „Климатски промени“ и „Жени кои го менуваат светот“.

На Самитот ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, како и голем број претседатели, поранешни и сегашни министри, амбасадори, стопанственици и претставници од науката.

Десетчлената делегација на стопанственици за време на престојот во Истанбул ќе оствари и работна средба со раководството на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ) и со стопанственици од Турција.

Вкупната трговска размена помеѓу Македонија и Турција, лани достигна 455,8 милиони долари, со пораст од 8,55 отсто во однос на 2016 година.

Македонскиот извоз лани достигна 88,6 милиони долари, со раст од 25,3 проценти во споредба со 2016 година, додека пак увозот од Турција во 2017 изнесува 367,2 милиони долари, со пораст од 5,2 проценти споредено со 2016 година.

Во македонскиот извоз најмногу доминираат производите од металургијата, електрониката, текстилната индустрија и градежни материјали, додека во увозот најмногу доминираат производи од текстилната индустрија и трајните производи за широка потрошувачка.

Турција е осми трговски партнер на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...