fbpx

Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на државата, Киро Глигоров

-

Делегација на СДСМ денеска, во чест на 8 Септември – Денот на независноста, оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Во состав на делегацијата беа членовите на извршниот одбор на партијата, Љупчо Николовски, Аднан Џаферовски и Рената Јајоска.

„Претседателот Глигоров со мудрите и обединувачки политики ги постави темелите на слободна, независна и суверена Република Македонија и влезе во еден од најсветлите делови на историјата на држава. СДСМ и граѓаните на Македонија продолжуваат по тој пат на единствена, стабилна, безбедна, граѓанска и просперитетна Македонија“, стои во соопштението на партијата.

Николовски, Џаферовски и Јајоска денеска положија свежо цвеќе и пред Споменикот на паднатите херои во паркот Жена-борец, во центарот на Скопје.

Лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, со претставници на Советот на Општината, положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица, каде се одржа пригодна свеченост по повод денешниот државен празник.

Тој, меѓу другото, порача дека е време „да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во Европската Унија и во НАТО“.

„Денеска Македонија слави значаен јубилеј – 25 години од својата самостојност. Треба да сме среќни и горди на тој јубилеј, но треба и да се подзамислиме дали Македонија доживеа вистински развој за овие 25 години. Време е да го воскреснеме култното прашање на Крсте Петков Мисирков: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за напрет“. Ако одговориме дека доволно сме направиле за Македонија, тогаш го лажеме и народот, но се лажеме и самите себе. Македонија не можеме да ја излажеме. Таа знае колку доби од она што го заслужи. Но, затоа, можеме по вториот дел од прашањето да бидеме поодговорни, посериозни и поангажирани и да направиме многу за Македонија и за сите луѓе кои живеат во неа… Време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и во НАТО“, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...