This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Nov 21 5:58:47 2017 / +0000 GMT

Делегации на партии и на институции положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски




Делегација на СДСМ, во состав Диме Велковски, Цветанка Ласкова и Дарко Давитковски, положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, на 13-годишнината од неговата смрт.

- СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Македонија, кој посветено работеше на соработка и на заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите што доаѓаат - се вели во соопштението на СДСМ.

Цвеќе на гробот на Борис Трајковски положија и делегации од Владата, Собранието, Град Скопје, дипломатскиот кор и здруженија на граѓани.

Post date: 2017-02-26 13:54:15
Post date GMT: 2017-02-26 12:54:15
Post modified date: 2017-02-26 14:00:11
Post modified date GMT: 2017-02-26 13:00:11
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com