fbpx

Дел од публиката ја напушти фестивалската премиера „Антоние и Клеопатра“

-

Синоќа, на фестивалот „Охридско лето“, на отворената сцена Долни Сарај, публиката  ја проследи фестивалската премиера на Шекспировата трагедија „Антоние и Клеопатра“, со Битолскиот театар.

Режијата и адаптацијата на претставата ја направи гостинот од САД, режисерот Џон Блондел, звучно име на светската театарска сцена, докторант по театарска уметност на калифорнискиот универзитет во Санта Барабара.

Тој кажа дека е воодушевен од сцената Долни Сарај, од амбиентот и од визурите.

– Сепак, успешно се вклопи под отвореното охридско небо – рече Блондел.

Чувствата и впечатоците на публиката за претставата се поделени. Публиката беше поставена во четири реда. Малку од посетителите можеа да видат и да слушнат нешто од претставата. Од оваа причина помалку упорните демонстративно ја напуштаа претставата.

Вечерва, од 21 часот, во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржи врвниот хрватски пијанист Иво Погорелиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...