Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ се повлекоа од дискусија во Собранието


       
Скопје, 16 октомври, 2018 - 16:58 (META) 

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии на собраниската седница за пристапување кон уставни измени кои произлегуваат од Договорот со Грција.

Според информациите на медиумите, ова се случило откако не му беше дозволено на говорница да се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Џафери, повикувајќи се на Деловникот кажа  дека не може лице кое не е пратеник да се обрати од собраниската говорница.

Во попладневниот дел од седницата, пратениците на ВМРО ДПМНЕ не ни реплицираа на говорите на пратениците од СДСМ. Вкупно останати за дискусија се уште 32 пратеници.