fbpx

Дел од охридската касарна предаден на Општина Охрид

-

Се оствари еднодецениската заложба на охридската локална самоуправа, дел од поранешната касарна „Михајло Апостолски“ да биде препуштен на користење на град Охрид.  На вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Јован Стојаноски истакна дека касарна ќе прерасе во вистински образовен комплекс. Според урбанистичкото планско решение, предвидени се станбено – деловен комплекс, црква, спортски терени, пробивање на улица и преместување на неколку установи од градот, како и на некои образовни институции.

– Со низа проекти ќе се бориме да ги вратиме младите во Охрид и ќе го стопираме нивното иселување. Изминатиов период работевме на подобрување на условите за учење во сите образовни установи во градов. Вистински образовен комплекс ќе бидат просториите на касарната „Михајло Апостолски“, кои по долгогодишни постапки конечно се сопственост на општина Охрид. Тука ќе бидат сместени неколку образовни институции, а ќе има и други содржини – истакна градоначалникот Стојаноски.

Пред десетина години Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Министерството за образование и наука го доби делот од касарната уште во 2010 година, како и Министерството за внатрешни работи.

Градоначалникот Јован Стојаноски неодамна најави дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна, Противпожарната единица и некои институции ќе бидат дислоцирани таму. Сепак, рече тој, претходно ќе се разговара со вработените и раководителите дали ваквото решение, односно преселбата се прифатливи за нив. Охридските пожарникари уште претходно нагласија дека ваквото решение не им одговара и ќе им ја отежне работата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...