fbpx

Дејан Паноски: Oхрид – центар на меѓународниот еколошки интерес

-

2014 беше година на ефектуирање на долгогодишната работа и година во која се донесени нови вредности за Охрид и за регионот, кои ќе имаат историско значење, кои ќе се изучуваат во учебниците, но и ќе донесат работа и економска добивка. Фактот дека обезбедивме охридскиот регион да биде центар на меѓународниот еколошки интерес и во него долгорочно да се вложува за одржливиот развој е огромна инвестиција за генерациите што живеат околу Охридско Езеро – вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Пановски додава дека во текот на 2014 година биле донесени неколку значајни проекти кои се од огромен интерес за регионот, меѓу кои е и прогласувањето на регионот Охрид-Преспа за Прекуграничен биосферен резерват под заштита на УНЕСКО.

– На 11 јуни, регионот Охрид-Преспа доби нова безвременска вредност чие значење допрва ќе го видиме и осознаеме. Финансиската помош за развој на Биосферниот резерват е од германската страна. Работевме упорно на ова поле и успеавме. Исто така, одобрена е и имплементацијата на Дримскиот проект на ГЕФ од 2015 година, во кој учествуваат пет држави. По шест години работа, лобирање, пишување, преговори, добиен е проектот, одобрена е неговата имплементациска фаза и од следната година државите ќе може да ги користат средствата од ГЕФ за наредни четири години – додава Пановски.

Пановски вели дека е почнат проект преку ЕУ за номинација за добивање УНЕСКО-статус на албанската страна на Охридско Езеро, што е од огромно значење за заштитата.

– Целта отсекогаш ни била да обезбедиме интегрална заштита на охридскиот регион. Токму таков стратегиски важен проект за заокружување на целината почна во септември преку ЕУ и УНЕСКО, кој ќе овозможи целосна заштита на природните и на културните вредности, но и инвентаризација на истите -појаснува Пановски.

Проектот за рехабилитација и за довршување на колекторскиот систем, преку ЈИЦА Јапонија, е уште еден важен настан, кој ја одбележа 2014 година на полето на заштитата на животната средина.

– Ова е клучниот проект за инфраструктурна заштита на езерото. Меѓувладиниот договор се имплементира. Пред нас се студијата за исплатливост и одредувањето на приоритетите. Тоа е генерациска шанса за спас на езерото, која не треба да се пропушти иако рехабилитацијата на системот ќе трае повеќе од 10 години – вели Пановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...