fbpx

Дебарските сточари го брендираа своето бело овчо сирење

-

Дебарските сточари го брендираа своето бело овчо сирење, со добивањето сертификат за трговска маркичка од Агенцијата за брендирање прехранбени артикли.

Претседателот на Здружението на сточари од Дебар и Центар Жупа, „Даши“ (Овен), Скендер Аме, изјави дека сирењето произведено од сточарите од овие две општини, ќе го пласираат под името „Дебарско бело овчо сирење“.

– Сега, откако го довивме сертификатот, планираме да одржиме работилница за обука на сточарите за почитување на критериумите што треба да се земат предвид во текот на производството на сирењето. Традионалниот начин во нашиот крај има посебни специфики и правила и тие треба строго да се почитуваат – изјави Аме.

Во дебарскиот регион, кој има богати пасишта со околу 40.000 грла ситен добиток, годишно се произведуваат повеќе од 350 тони сирење, познато по својот квалитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...