fbpx

Давидовиќ: Истекува рокот за обвинителен акт за настаните во Собранието од 27 април

-

Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година, изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет, бидејќи веќе истекува рокот. Според него, преостануваат десетина дена. Давидовиќ потврди и дека адвокатите добиле еден дел од доказите.

Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април, рече дека се уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови.

– За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некогаш дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка – вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите, во изјава за медиумите пред одржувањето на дебата на ФОН за „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор – потреба и предизвици”.

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците.

Врховниот суд требаше решението за жалбите на притворените да ја донесе минатиот четврток. Според претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...