fbpx

Дане Илиев: не е важен моделот за СЈО, туку да продолжат постапките што ги води

-

Не е важно во која форма ќе функционира Специјалното јавно обвинителство (СЈО), решенија има, важно е да има политичка волја да продолжат постапките што тоа ги покрена и ги презема, смета Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. Тој оценува дека е доведено во прашање постоењето на СЈО.

– Не е добро. Од неколку страни се донесоа прописи кои работата на тоа обвинителство ја доведоа под знак прашалник. Во прашање е доведено и неговото опстојување, дали ќе опстои како јавно обвинителство. Измените во Кривичниот законик, начелното мислење на Врховниот суд, амнестијата… – изјави за „Мета“ Илиев.

По ставот на Врховниот суд, кој минатата недела даде начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител по истекот на рокот од 18 месеци, предвидени со законот со кој беше формирано, Илиев смета дека со нов закон треба да се најде решение за предметите што ги води ова обвинителство.

– Најверојатно ќе се случи со нов закон, мора да се реши, со директни одредби или со преодни одредби, да се каже што со преземените случаи од јавното обвинителство и со материјалите кои ги поседува. Најлогично е да ги преземе Јавното обвинителство за организиран криминал – смета поранешниот претседател на Врховниот суд.

Според Илиев, не е најважно дали СЈО ќе остане или ќе се претопи во некое од постоечките обвинителства, се додека продолжи процесуирањето на предметите што ги води и обработката на материјалите што ги поседува.

– Идеално решение нема, решенијата се добри, зависи од луѓето. Не е до моделот, туку како ќе се спроведе. Дали постои политичка волја да се спроведе? – се прашува Илиев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...