fbpx

Дали македонската влада ќе им го скрати животот на своите граѓани?

-

Проблемот со загадувачот на воздухот во полошкиот регион, фабриката „Југохром фероалојс“ не е вчерашен. Компанијата која што произведува железо, челик и легури од железо, со неколку прекини во нејзиното работење, во Македонија работи од 1952 . Тоа значи дека повеќе од 50 години оваа фабрика систематски ги труе граѓаните бидејќи, според експертите, таа е најголемиот загадувач во регионот, чијшто чад честопати го покрива како магла регионот на општините Јегуновце, Тетово и пошироко.

Дури и работниците што сакаат да останат анонимни, за „Порталб“ велат дека од 2010 година, кога оваа компанија ја презеде една руска компанија, таму се употребуваат уште поопасни материјали  што го загадуваат воздухот, а кои се употребуваат за производство на нивните легури.

На ракот ќе му се продолжи рокот?!

На 31 октомври 2013 година, истече рокот кој е продолжен неколкупати за загадувачите кои што требаше да ги исполнуваат еколошките стандарди. Дали овојпат Владата ќе застане на страната на граѓаните или едноставно ќе им го продолжи животот на фабриките, а со тоа ќе им го скрати животот на граѓаните? Таквата одлука е оставена да се разгледа на владина седница. Зачудувачки е како е можно Владата да има толку трпение и да го остави здравјето на граѓаните во рацете на бирократските процедури… Уште попарадоксална е ситуацијата кога од една страна Владата преку реклами ни кажува како треба да се храниме, а од друга страна нè убива со чадот на фабриките кои не ги затвора!

За здравјето се работи! Додека да се донесе одлука, Teтово сè уште останува најзагадениот град во Македонија! Општината нема преземено некоја мерка на локално ниво за разлика од Скопје, а болниците полни со пациенти, сведочат за загадениот воздух во Тетово.

Правна регулатива

Во 2005 година, Македонија стана земја кандидат за член на Европска Унија, која што бара ригорозни реформи во однос на животната средина. Во истата година, се усвоија законските измени, со кои, загадувачите требаше да ги исполнат еколошките стандарди, односно да преземат мерки со кои би ја добиле интегрираната еколошка дозвола А, со краен рок до 1 април 2014. (Видете: Закон за животна средина, член 139, пдф)

Во овој период, „Југохром“ имаше рок од девет години да направи измени во начинот на работење за да не ја загадува животната средина, промени кои задоцнија и, всушност, никогаш не се реализираа. Во овој период, на чело на овој ресор биле четворица министри:

  • Имер Алии,
  • Џелал Бајрами,
  • Неџати Јакупи и
  • Абдилаќим Адеми.

Што се однесува до првите тројца, јавноста не се сеќава дека некогаш реагирале за загадувачот „Југохром“, додека Адеми даде конкретно ветување дека овој загадувач ќе се затвори, но потоа го прекрши ветувањето. И актуелниот министер, Нурхан Изаири, даваше ветувања дека „Југохром“ ќе се затвори.

Министерството за животната средина досега има усвоено неколку планови и стратегии кои што не можат да се најдат на веб-страницата на министерстовото, бидејќи линковите на www.moepp.gov.mk едноставно не функционираат. Во последната стратегија од тој вид, Третиот национален план за климатски промени од декември 2013 година, Владата се заветува дека ќе го намали нивото на загаденост на воздухот.

Бесконечни продолжувања на роковите

Од 2005 наваму, неколкупати е побарано продолжување на роковите и Владата секогаш попуштила.

Ќе ги истакнеме некои од последните продолжувања на роковите.

1. 2012 година

„Југохром“ и другите фабрики уште од 2012 година побараа продолжување на рокот наведувајќи дека не се подготвени за да работат со еколошки стандарди. Владата ги прифати нивните барања, притоа усвојувајќи пет мини-мерки за „спас на металургијата“.

Мерките кои предвидуваат продолжување на рокот до 2019 година!

Досега нема информации дека овие мерки престанале да важат.

2. 2014 година

Неколку дена пред истекување на рокот, загадувачите побараа повеќе време:

Меѓутоа, Владата одлучи да го продолжи рокот за исполнување на стандардите до 31 октомври 2014.

„Големите“ ветувања на владините претставници

На 19 септември 2013 година, премиерот Никола Груевски рече дека прекршителите нема да се толерираат:

„Јас знам дека многумина од нив, сè уште веруваат дека оваа Влада, за која што се многу важни економијата, вработувањата, извозот, БДП итн., нема да се придржи до мерките. Всушност, ова има големо знечење. За нас има. Тоа е нашата совест, кога се работи за тоа дали сме презеле сè што е во наша моќ за да ги одбраниме здравјето на луѓето, од болестите кои се резултат на неодговорната работа на загадувачите“ – рече Никола Груевски.

Ексминистерот, Абдилаќим Адеми

Иако вети дека фабриките ќе се затворат на 1 април 2014 година, јасно е дека министерот Адеми не го одржа ветувањето дадено на 8 декември 2013.

Актуелниот министер, Нурхан Изаири неколкупати истакнал дека повеќе нема да има продолжување на роковите


Југохром“ престанува со работа (15 октомври) видео од „24 Вести

Директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед

Реакциите на граѓаните „Нè затрувте!“

Иако долго време систематски се трујат, за проблемот со загадувањето, револтот на граѓаните кои што живеат во полошкиот реон и во Скопје, се појави минатата година со протестите во Тетово и во Скопје, каде што се бараше затворање на фабриките.

Некои од протестите на граѓаните

„Ќе се радикализираме!“

„Не би сакале да мислиме дека Владата може да продолжи да го толерира ова злосторство над граѓаните на Полог и да ја фаворизира работата без филтри за уште еден рок. Ни не сме за затворање на фабриката, никогаш не сме побарале такво нешто, дури бараме Владата да ги субвенционира овие стандарди, но не прифаќаме да се тргува со здравјето на граѓаните. Ние ќе покажеме нулта толеранција за секое заобиколување и ќе размислиме за радикализирање и за поголема сензибилизација на граѓаните. Владата на Република Македонија, воопшто, а посебно Министерството за животна средина ќе сноси одговорност за систематското труење на граѓаните на Полог, оставајќи ги со години да дишат воздух кој е 20 пати позагаден од дозволеното ниво, а исто така ќе сносат одговорност за затворање на фабриката (доколку се случи), имајќи предвид дека како власт никогаш не изнајдоа механизам со кој би се спасиле и граѓаните од загадувањето, а бизнисите би биле задолжени да применат мерки за заштита на нашата заедничка околина“, вели за „Порталб“, Арианит Џафери, еден од организаторите на протестите против загадувањето.

Тишина пред бура!

Сепак, никој од надлежните не сакаше да даде изјава за „Порталб“. Нашата екипа контактираше со Министерството за животна средина, а оттаму ни рекоа дека го чекаат крајниот рок и седницата на Владата. Недостапни беа и министерот за екологија, Нирхан Изаири, и директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед. Исто така и главниот директор на „Југохром“, Бранислав Ѓурѓевиќ, остана недостапен за изјава. Изјава на темата единствено има од министерот за финансии Зоран Ставрески, кој што рече дека треба да се чека да помине рокот. /„Порталб“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...