fbpx

Дачиќ: Србија не е задоволна од состојбата во регионот

-

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија не е задоволна од состојбата во регионот, особено во Хрватска, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Дачиќ оценил дека политичката клима во регионот не е во правец на меѓусебно помирување.

– Една од главните насоки на надворешната политика на Србија е регионалниот аспект, покрај нашата желба да бидеме членка на Европската Унија и да развиваме пријателски односи со Русија, Кина и со другите традиционално пријателски држави. Исто така, сакаме да воспоставиме нови релации со земјите кои изминатите години не ни беа наклонети, како што се САД и Велика Британија“, изјавил Дачиќ.

На прашањето зошто Србија гласала против украинската резолуција со која се осудува кршењето на човековите права на полуостровот Крим кој е под руска окупација, Дачиќ изјавил дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, но не ја поддржала резолуцијата поради „остро интонираниот текст со кој се напаѓа Русија“.

Дачиќ изјавил дека ќе се поклони пред сите кои гласале против Русија за случајот околу Крим, ако тоа што го напишале го применат и на случајот со Косово и со Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...