fbpx

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

-

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“.

Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во Тирана, кои во осудите го употребија терминот „careless“.

-Тие изјави се опасни за мирот и за стабилноста на Балканот и на Европа. Дали амбасадорите би реагирале толку благо да беше споменато Скопје, грчки Епир или црногорскиот Улцињ, како што Муслиу го стави српски Ниш во границата на „голема Албанија“? – праша Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија вели дека таквите изјави не се невнимателни, туку одраз на јасната платформа за сите Албанци во „голема Албанија“ и порача дека додека таквите изјави не се окарактеризираат како закана за мирот во регионот, „Албанците ќе продолжат со провокациите“.

Дачиќ порача дека никаде во светот не е дозволено да се повикува на нарушување на територијалниот интегритет на една земја, „па нема да може ни во Србија“.

– Тоа што Србија е воздржана во реакциите и сака да игра конструктивна улога во регионот, не значи дека Србија е слаба, туку тоа е одраз на силата и на посветеноста на мирот – рече српскиот министер за надворешни работи.

Амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот, денеска изјави дека изјавите за обединување што во изминатите денови беа дадени од албанските политичари од Албанија, Косово и од Јужна Србија се невнимателни и дека не придонесуваат за стабилноста на регионот и не го поддржуваат европскиот пат на сите земји на Западен Балкан.

На сличен начин реагираше и амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави, кој порача дека САД се против „невнимателните разговори“ за обединување на Косово и на Албанија и против претераните реакции на таквите изјави, што ја поткопуваат регионалната стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...