fbpx

Дачиќ го обвини Заев дека ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје

-

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го обвини мандатарот за составување на новата влада на Македонија, Зоран Заев, дека со своите изјави ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје и наведе дека „навредите што Заев ги упатува на српското раководство секако ќе влијаат на билатералните односи“.

„Србија не се меша во внатрешните прашања на другите држави и сака добри односи со соседите, но изјавите на Заев се токму со спротивен тон. Србија сигурно нема да дозволи на кој било, па ни на Заев, да ја понижува, а односот спрема властите во Скопје во иднина ќе биде рецирпоцитетен со нивниот однос спрема Србија“, се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.

Заев утринава, пред да му биде врачен мандатот за составување на владата, во интервју за регионалната телевизија „Н1“ рече дека е „непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија“, но дека тој ќе се труди да има добар однос со властите во Белград.

Дачиќ на почетокот на годината рече дека Белград погрешил што ја признал Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и гласала за прием на Косово во УНЕСКО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...