fbpx

Да си го одземеш животот е избор, но да земеш на душа и друг е тешка дијагноза

-

За само неколку дена во Скопје се случија две самоубиства и еден обид за убиство. Пред два дена, мајка од скопски Хиподром, својот шестгодишен син го фрли од четвртиот кат, по што и таа се обиде да си го одземе животот. Денеска, пак, 42-годишен маж во центарот на Скопје се заканувал дека ќе се фрли од скеле, кое било поставено покрај зграда. За среќа, тој не успеал во својата намера поради брзата интервенција на полицијата.

Според социологот Анета Кузевска Поп-Илиоска, самоубиството е социопатолошки проблем со посебни карактеристики. Причините за самоубиствата во Македонија се сложени и се комбинација на повеќе фактори, вели таа, споменувајќи ги во тој контекст менталните заболувања и емоционалната нестабилност, соматските заболувања, семејните проблеми, финансиските проблеми, неуспехот во работата, стареењето и слично.

– Самоубиството е последица на повеќе фактори, меѓу кои доминантни се социјалната средина, семејните односи и, секако, самата личност со својата ментална или општа физичка здравствена состојба. Затоа што не секоја мајка во иста ситуација ќе реагира исто и ќе реши да ги фрли детето. Една од причините е и колективната свест и културата на живеење. Немаме навика да посетуваме стручни лица да нè извадат од индивудуални кризи. Значи, да си го одземеш сам животот е едно, но да земеш на душа и друг е тешка дијагноза. Секако, влијание имаат и институциите на системот. Ако ова семејство било под закрила на системот со соодветен институциски третман, можеби би можело да се спречи трагедијата– вели Поп-Илиоска.

Според неа, развивање на свеста за посета на стручни лица и за почитување на иституцијата психолог и психијатар, во комбинација со заемно и навремено дејствување на институциите на системот, значително ќе ја намалат стапката на самоубиства.

– За жал, Македонија по ова прашање потфрли. Причина плус се и секојдневните новинарски написи за самоубиства кои ја охрабруваат суицидалната популација – заклучува Поп-Илиоска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...