fbpx

Да не се потпалуваат страстите и да се почитуваат институциите, порача Груби

-

Tреба да се даде простор на целиот процес за да излезе вистината на виделина, да веруваме, секако, со почит кон сите институции, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби, во врска со денешното приведување на 36 лица, меѓу кои и пратеници, за насилствата во Собранието од 27 април годинава.

Прашан дали смее да се апсат пратеници, Груби рече дека за тоа треба да се произнесе претседателот на Собранието и претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

– Штом ќе се извести Собранието, претпоставувам дека собраниските тела ќе се состанат за да проценат како да се продолжи понатаму – рече Груби по денешната свеченост по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Во однос на протестот на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните приврзаници пред Кривичниот суд, Груби рече дека не треба да се потпалуваат страстите и дека треба да се почитуваат сите институции.

– Да дадеме придонес за смирување на ситуацијата и за излегување на вистината на виделина за тоа што се случило – рече пратеникот Груби.

По налог на Основното јавно обвинителство, МВР денеска приведе 36 лица за насилствата во Собранието, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите од иницијативата „За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, поранешниот директор на МОБ, оперскиот пејач Игор Дурловски, и Богдан Илиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...