fbpx

„Чуварите на демократијата“ го отстранија кампот пред Собранието

-

Поддржувачите на власта или како што самите се нарекуваа „Чувари на демократијата“, викендов го растурија кампот во паркот Жена-борец, спроти Собранието на Република Македонија, каде поминаа околу два и пол месеци. Според луѓето што ги сретнавме во паркот, растурањето на кампот почнало во саботата вечерта, а целосно бил расчистен во неделата.

Кампот на „Чуварите на демократијата“ беше поставен како реакција на тој на опозицијата, поставен пред Владата на Република Македонија.

Никој не соопшти конкретно зошто кампот пред Собрание остана и по потпишувањето на Договорот од Пржино. Од кампот велеа дека остануваат за да ја поддржат политиката на Владата на премиерот Никола Груевски. Дел од камперите за „Мета“ изјавуваа дека за отстранувањето на кампот ќе одлучува централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Кампот пред Собрание беше поставен по митингот на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа на 18 мај.

Кампот, пак, пред Владата беше отстранет неколку дена по потпишувањето на Договорот во Пржино, на 15 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...