fbpx

Членовите на ДИК и директорот на Статистика разговараа за подготовките за референдумот

-

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со кого разговарале за подготовките околу претстојниот референдум на 30 септември.

Од ДИК информираат дека тие разговарале за методолошко-информатичката обработка на избирачкиот список, за контролата при печатењето на изводите и посебните изводи на избирачкиот список и за внесот и преносот на податоци на денот на гласањето.

Претходно од Комисијата соопштија дека заклучно со денеска до 12 часот преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до биле достеавени вкупно 2.060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 2019 пријави се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.  Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...