fbpx

Состанок на ДИК за спорните гласачи

-

Денеска истекува рокот во кој Државната изборна комисија (ДИК) треба да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи, откако на 19 овој месец истече рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават до Комисијата.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека денеска членовите на Комисијата ќе одржат состанок на кој треба да решаваат за ова прашање.

На седницата, која се одржа на 23 август, членовите на ДИК го разгледаа и едногласно усвоија извештајот за пријавените гласачи со спорни записи.

Во предвидениот рок, до Комисијата пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава е прифатена.

Со Законот за дополнување на Изборниот законик, ДИК беше задолжена да спроведе процес на активна регистрација на 39.502 лица за кои, при спроведените административни и теренски проверки се утврдени спорни записи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...