fbpx

Членовите на ДИК дадоа свечена изјава пред Џафери и го означија почетокот на работата

-

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, потпретседателот Дитмире Шеху, членовите Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Дерковски рече дека како ДИК, почитувајќи ги законите и Уставот ќе постапат и ќе направат се што е во нивна надлежност за да успее организирањето на референдумот. Тој се заложи дека ќе работат јавно и транспаретно.

– Денес ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме Собранието исто така, да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши се како што треба, го гледате составот, се се тоа искусни луѓе, од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека за главната задача ќе ја договориме пред се почитувајќи ги законите и Уставот на РМ – рече Дерковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...