fbpx

Членовите на ад хок телото за медиуми не постигнаа договор за петтиот член

-

Привремената ад хок комисија за следење на медиумското претставување на денешниот состанок не постигна консензус за избор на петтиот член, дознава „Мета“ од извори од ад хок телото.

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, на денешната седница требаше да го изберат петтиот член, кој е потребен за телото да може да почне да работи.

Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото треба да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и на Законот за медиуми беа објавени во „Службен весник“ со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.

Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата членови на ад хок телото што ги предложија партиите и тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Димишкова и Чилиманов се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...