This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Jan 18 10:23:13 2019 / +0000 GMT

Членови на „Македонија блокира“ бараат средба со пратениците и обраќање во Собранието




Членови на граѓанското здружение „Македонија блокира”, протестираат пред македонското Собрание против уставните измени. Претседателот на „Единствена Македонија” Јанко Бачев изјави дека нивни член е на разговор со претседателот Иванов во неговиот кабинет. Протестот, како што велат организаторите, ќе трае се додека не заврши пленарната седница, ќе вршат притисок и нема да дозволат да бидат усвоени уставните измени.

Насобраните граѓани го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи.

-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не го продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на достоинствени протести и апелираше до граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

Тој повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во собраниската расправа за прифаќање на уставните измени, бидејќи договорот од Преспа е штетен, а двотретинската поддршка е обезбедена благодарејќи на Основното и на Специјалното обвинителство, кои со своите случаи ги принудија пратениците од опозицијата да гласаат „за“.

Од движењето „Македонија блокира” побараа нивни претставници да влезат во парламентот за да разговараат со пратениците, како би им ги изложиле своите ставови против промена на уставното име, но и нивни претставник да се обрати пред пратениците на денешната седница во Собрание.

 

Post date: 2019-01-09 15:37:37
Post date GMT: 2019-01-09 14:37:37
Post modified date: 2019-01-09 15:37:37
Post modified date GMT: 2019-01-09 14:37:37

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com