fbpx

Алинејата 4, додадена во Изборниот законик во Пржино, го кочи разрешувањето на Зврлевски

-

Одредбата од членот 8-а од Изборниот законик, за која ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со собраниската расправа за разрешувањето на држвниот јавнен обвинител, Марко Зврлевски, беше додадена во Изборниот законик во согласност со Договорот од Пржино, што во 2015 година го постигнаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, за излез од политичката криза.

Пратениците на опозициската партија сметаат дека собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на јавниот обвинител, која почна на 5 јули и сè уште е во тек, е во спротивност со членот 8-а, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик, според кој „од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори не може да се почне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а воедно почнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи“.

Izboren zakonik
Во Изборниот законик објавен на интернет-страницата на Државната изборна комисија со жолто се означени измените и дополнувањата на законот донесени во 2015 и во 2016 година, по Договорот од Пржино

Одредбата беше дел од пакетот измени и дополнувања на Изборниот законик што Собрането ги донесе во ноември 2015 година, а кои произлегоа од обврските од Договорот од Пржино.

Измените на Изборниот законик беа и едно од барањата на СДСМ, како тогашна опозиција, а како основа беа земени препораките од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламетарни и претседателските избори што се одржаа во 2014 година.

Инаку, членот 8-а пред минатогодишните предвремени парламентарни избори неколкупати се најде пред Антикорупциската комисија. СДСМ тогаш поднесе неколку претставки од Комисијата, кои се однесуваа на прекрушувања на овој член од Изборниот законик, односно за незаконски вработувања во јавни институции и претпријатија во предизборниот период, а ДСКС ги одби сите како неосновани.

Државната комисија за спречување на корупција пред изборите ја разгледуваше и ја прифати претставката на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, (назначен по предлог на ВМРО-ДПМНЕ) против Оливер Спасовски, кој беше министер за внатрешни работи во техничката влада за спроведување на изборите.

Образложенито кое беше прифатено од мнозинството членови на Комисијата беше дека постои основан сомнеж дека Спасовски го прекршил членот 8-а од Изборниот законик, кога правел промени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори. Комисијата тогаш побара од Основното јавно обвинителство да поведе истрага за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...