Четврти министерски состанок на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија во Солун

Министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција, на почетокот на ноември ќе одржат нова квадрилатерална средба во Солун.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, четвртиот министерски состанокот на кој се разгледуваат теми поврзани со регионалната соработка во повеќе области ќе се одржи на 8 и 9 ноември и овој пат во Солун.

Првиот ваков состанок беше во април 2016, а последен пат шефовите на дипломатиите на четирите земји во Солун се сретнаа во мај годинава. На квадрилатералната средба, освен министрите за надворешни работи, учествуваат и министри или надлежните од Министерствата за внатрешни работи од четирите земји.