This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Aug 17 7:55:08 2017 / +0000 GMT

Четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк




МЖ „Транспорт“ и кинеската компанија „ЦРРЦ Џуџоу“ потпишаа договор за набавка на четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк. Инвестицијата од осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

- Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години и доближување до европските и до светските стандарди. Ќе се обезбеди поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда, заштита на животната средина, ефикасно работење и поквалитетни услуги - истакна генералниот директор на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, по потпишувањето на договорот.

Набавката на електричните локомотиви е втор проект за обнова на возниот парк, по набавката на шест нови возови.
Post date: 2017-01-10 14:22:49
Post date GMT: 2017-01-10 13:22:49
Post modified date: 2017-01-10 14:22:49
Post modified date GMT: 2017-01-10 13:22:49
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com