fbpx

Четири лица под истрага во Прилеп за кривично дело насилство

-

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, поради постоење основано сомнeние дека сториле кривично дело насилство.

Лицата се осомничени дека на 3 ноември во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени. По претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал останатите осомничени и со патничко моторно возило марка „Лада” започнале да ги бараат оштетените низ градот.

„Откако ги пронашле, се симнале од возилото и се упатиле кон оштетените. Сите четворица започнале да ги удираат оштетените лица по главата и телото. Притоа на едниот оштетен му нанеле животно загрозувачки повреди како последица на кои тој е неконтактибилен и се одржува во живот со помош на апарати, додека на второто нападнато лице му нанеле телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото. Со ваквите дејства осомничените во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, се вели во соопштението на Основно јавно обвинителство.

Со оглед на тоа што надлежниот обвинител процени дека за тројца од осомничените постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка и ќе влијаат врз сведоците, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп беше доставен и предлог за определување мерка притвор за овие лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на...