!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Чешкото МВР бара граѓаните да можат да пукаат во терористи


       
Прага, 3 јануари, 2017 - 13:34 (META) 

Чешкото министерство за внатрешни работи предложило измени во уставот со кои на граѓаните на земјата, кои легално поседуваат оружје, би им се овозможило да го искористат и да пукаат во терористи, јавуваат агенциите.

„Во време кога се изведуваат напади во Европа, имаме впечаток дека уставот на граѓаните треба да им даде поголемо право да се бранат, но со легално набавено оружје“, изјавил чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец, за денешното издание на „Хосподаржски новини“.

Чешка не се согласува со барањата на Европската Унија за ограничување на можноста за поседување на некои видови огнено оружје, а чешкото МВР поднело предлог за измени на уставот со кои Чесите што легално поседуваат оружје, би можеле самоиницијативно да го употребат за одбрана на земјата и да спречат терористички напади како тие во Париз, Ница или неодамнешниот во Берлин.

Според чешкото МВР, право да пукаат во терорист во случај на напад, дури и кога самите не се загрозени, би добиле само чешките државјани и тоа само на територијата на Чешка. Евентуални измени не би се однесувале на граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Чешка.