Чепишевски го сруши рекордот на 50 метри грбно


       
Доха, 5 декември, 2014 - 11:17 (META) 

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски постави нов државен рекод во дисциплината 50 метри грбно. Тој на Светското првенство во Доха исплива со резултат 26,56 секунди и за 0,24 секунди го подобри државниот рекорд што самиот го постави пред три години во Зрењанин. Со овој резултат Чепишевски се пласираше на 60. место од 107 пливачи.
Денеска ќе плива и Марко Блажевски, кој веќе постави два државни рекорди во дисциплните 200 метри слободно и 400 метри мешан стил.