fbpx

Чавков: Спасовски го наполни МВР со партиски војници на СДСМ

-

„Целиот свој професионален ангажман го имам поминато во полиција, поминувајќи ги сите хиерархиски нивоа од најниското до највисокото. Ваква ситуација како сегашната досега немам видено“, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, за функционирањето на МВР на чело со Оливер Спасовски во интервју за „Прес 24“.

„Со доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на Министерството, кое во согласност со Договорот од Пржино, беше техничко назначување и во врска со организација на изборите, видовме инсталација на партиски војници од СДСМ, актуелни претседатели и членови на комисии во СДСМ, кои Спасовски ги назначи за државни и за генерални полициски советници што требало да го професионализираат МВР. Членовите на тој тим се поранешни и сегашни полициски службеници, кои воопшто не ги познаваат реформите што се спроведуваат во министерството, а најмалку или воопшто немаат познавање за методологиите за сузбивање на современите форми на организиран и прекуграничен криминал. Од тој тим, освен притисоци врз вработените за истражување на наводни незаконитости инспирирани само од реваншистички побуди во минатото, досега нема иницијативи ниту насоки за реализација на каква било акција“, вели Чавков.

За одлуката на Управниот суд да ги стави под привремена мерка решенијата за разрешување и за унапредување на функционери во МВР што ги донесе Спасовски пред Нова година, Чавков вели дека се надева оти „кај министерот ќе надвладее разумот“ и ќе ја почитува одлуката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...