fbpx

Чавков: Ова е апсурден процес што е дамка на македонското правосудство

-

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, тврди дека со материјални докази ќе потврди дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието по насилствата на 27 април минатата година и дал клучен придонес. Тој го нарече случајот против него темна дамка за македонскиот кривично-правен систем.

На денешното разгледување на неговата жалба за новиот притвор од 30 дена, пред Советот на Апелацискиот суд Скопје, неговиот адвокат Сашо Дуковски побара притворот што го изрече Основен суд Скопје 1 да биде поништен или заменет со поблаги мерки. Дуковски наведе дека понискиот суд со наведувањето на кривичната одговорност како основа за продолжување на притворот, веќе го прогласил Чавков за виновен, а истрагата на Основното јавно обвинителство се уште е во „ембрионална фаза”.

– Ништо не е преземено во истрагата, а осомничениот веќе се прогласува за виновен – рече Дуковски.

Адвокатот посочи дека не држат ниту наводите дека Чавков може да влијае на сведоци и да ја попречува истагата кога веќе поминале седум месеци од настанот пред да биде приведен. Ја спомена и здравствената состојба на Чавков, односно инфарктот што го добил неколку месеци пред притворањето.

Претставникот на Вишото јавно обвинителатво побара да се одбие жалбата, бидејќи во оваа фаза притворот е непходен за обезбедување на присуство на Чавков.

Чавков во своето обраќање пред тричлениот судски совет на скопска Апелација рече дека материјалните докази ќе покажат дека раководел со акцијата за смирувањето на состојбата во Собранието на 27 април.

-Од материјалните докази ќе се види дека со раководењето на акцијата во едни специфични околности дадов клучен допринос за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно. Апсолутно не се чувствувам виновен и тоа ми дава сила и покрај мојата здравствена состојба да истраам и во една легална процедура даја докажам мојата невиност- рече Чавков.

Пред жалбата на Чавков, се разгледуваше жалбата на началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, чии адвокати во образложението дадено на јавната седница на Советот на Апелација, рекоа дека продолжувањето на притворот е тенденциозно и неосновано. Побараа да се укине притворот или да се замени со поблага мерка.

Душко Лазаров пред судот рече дека нема намера да бега и дека ако сакал да влијае на сведоци имал шанса да го направи тоа.

Претставникот на Вишото јавно обвинителство смета дека апелација треба да ја одбие жалбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...