fbpx

Чавков: Огласот го распишуваме сега зашто не можеме за време на избори

-

Огласот за вработување на 600 нови полицајци во МВР е заради зајакнување на капацитетите на министерството, усогласување на приемот на службеници со тие кои заминуваат во пензија и исполнување на европскиот просек на бројност на полицијата, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Според министерот, бројката од 600 полицајци за кои е распишан конкурсот била базирана на стратегијата за развој и за управување со човечки ресурси во МВР и актуелните закани по безбедноста на земјава и на регионот.

– Факт е дека имаме недостаток на униформирани полициски службеници. Европскиот просек е некаде околу 300 полициски службеници на 100.000 жители. Ние во МВР тој просек сè уште го немаме достигнато. Во регионалните сeктори за внатрешни работи имаме околу 50 до 60 отсто пополнетост. Поалармантна ни е состојбата во СВР Скопје, каде имаме 145 полициски службеници на 100.000 жители што е далеку од европскиот просек, а имаме и потреба од зајакнување на капицетитите на граничната полиција. Нашата стратегија е четиригодишна, но имаме направено проекција до 2020 година и во согласност со неа имаме намера да го усогласиме приемот на полициски службеници со одзивот по однос на пензионирање – рече Чавков.

На прашање зошто МВР го објавува огласот во момент додека траат преговорите во Пржино и пред избори, Чавков вели дека процесот во Пржино и работата на МВР не треба да се мешаат.

– Независно од текот на овие процеси, МВР треба да функционира и треба да ја извршува основната функција, а за да го правиме тоа, потребно е да вршиме соодветно и навремено пополнување на своите редови. Доколку се распишат избори, нема да има можност за распишување на конкурси, нема можност за селекции и ќе се изгуби цела година и јазот што го имаме сега ќе биде уште поголем. Таа е основната причина зошто огласот се распишува сега – изјави министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...