fbpx

Чавков на чело на „Алфите“ го врати аболираниот Ивица Антески – Пуки

-

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командир на едницата „Алфа“ и на негово место го поставил Ивица Антески – Пуки, еден од 56. лица кои се најдоа на списокот на помилувани од претседателот, Ѓорге Иванов, пишува  „Либертас“ повикувајќи се на свои извори од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема потврда, но ниту демант на оваа информација.

Ивица Антески – Пуки, кој и претходно беше командир на оваа единица, е еден од осомничените во случајот „Тортура“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, пред ресторанот „Воденица“ на 6 јуни 2011 година.

Според СЈО, нарачател на апсењето бил екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, кој е првоосомничен во случајот, како одмазда кон Бошкоски поради пораките кои му ги упатил за време на предизборната кампања во 2011 година.

Старо-новиот министер за внатрешни работи, Чавков, во текот на вчерашниот ден го сменил досегашниот началник на СВР Охрид Сашо Смилески и на негово место го поставил Гоце Недески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...