fbpx

Чакаровски именуван за Национален координатор за здравство

-

Владата на својата редовна седница го именуваше гинекологот Гоце Чакаровски за Национален координатор за здравство – со ова Чакаровски доби нова функција откако претходно беше тргнат од позицијата заменик министер за здравство во рамки на владината реконструкција.

Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“.

Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на Лекарското здружение на медицински центар – Битола.

За национален координатор за култура претходно беше назначен и екс министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...