fbpx

Канаѓанец освои 43 милиони долари на лото

На лотарија во Канада, Канаѓанец освои 60 милиони канадски долари (43,3 милиони долари). Добитниот тикет од популарната игра „Лото-макс“ бил продаден во градот Мисисага, Онтарио. Добитните бројки биле 5, 8, 9, 12, 22, 39 и 45. Уште осум „среќни“ тикети донеле големи добивки, во износ од еден...

Истребени змии во Австралија повторно се појавија

Змиите со латински назив „аипусурус апраефронталис“ се истребени од своето природно живеалиште, Тиморското Море, меѓу 1998 и 2002 година, меѓутоа овој месец повторно се појавиле и тоа во близина на брегот на Австралија. Уште во 2013 година научниците ја известија јавноста за алармантното намалување на...

„Аватар 2“ во кино-салите на Божиќ во 2017 година

Сценаристот и режисер Џејмс Камерон потврди дека продолжението на „Аватар“ ќе се појави во кино-салите во 2017 година. - Планот е - Божиќ, 2017 година. Барем така можеме да најавиме сега. Но, јас не сметам дека тоа е толку важно како фактот дека сите три филмови,...

Тарантино: Најдобар филм е „Лудиот Макс: Бесниот пат“

Последниве неколку години, режисерот Квентин Тарантино објавува свои листи на најдобрите филмови за годината што завршува. Оваа година тој издвои само еден наслов, за кој вели дека е најдобриот филм за годинава. Според Тарантино, најдобриот филм за годинава е „Лудиот Макс: Бесниот пат“ (Mad Max: Fury...

Принс неочекувано објави нов албум

Американскиот ексцентричен музичар Принс издаде нов албум на интернет без претходно да го најави тоа. Албумот ,,HITnRUN phase two“ беше издаден претходниот викенд на стриминг-сервисот „Тајдал“, на познатиот музичар Џеј Зи. Ова е четврти албум на Принс во рок од нешто повеќе од една...

Охрид за новогодишните празници: Повеќе услуга за лански цени

Повеќе услуга за лански цени, е мотото под кое охридските хотелиери и кафеанџии ги привлекуваат гостите од земјата и од странство за новогодишните празници. Хотелите нудат разновидна музичка и забавна програма, освен стандардното сместување и празнично мени. „Милениум палас“ нуди предновогодишно мени по рекламни цени од 400...

Ирачанец добил 6,4 милиони долари на лотарија во САД

Маж кој живее во Ирак освоил 6,4 милиони долари на џек-пот во американската сојузна држава Орегон. Тој дошол да ја земе наградата на 1 декември, три месеци откако ја добил. Името на добитникот не е објавено од безбедносни причини, а тој одлучил своите милиони да ги земе...

Почина пејачот Скот Вејланд на 48-годишна возраст

Скот Вејланд, поранешниот водач на американската рок-група „Стоун темпл пајлoтс“ (Stone Temple Pilots) починал вчера на возраст од 48 години, јавуваат светските медиуми. Веста за смртта на пејачот синоќа ја потврдил и неговиот менаџер, Том Виторино, кој соопштил дека Вејланд починал во сон. Познатиот пејач починал за...

Калиопи повторно ќе нè претставува на „Евровизија“

„Македонска радио-телевизија“ и оваа година одлучи да ја избере Калиопи за македонски преставник на евровизискиот натпревар за најдобра песна. Годинешното 61. издание на „Евросонг“ ќе се одржи во мај 2016 година, во Стокхолм, Шведска. - Убедена сум дека ова ќе биде мојата животна интерпретација, дека тие...

Станот на Џими Хендрикс ќе стане музеј

Станот на третиот кат од зградата што се наоѓа до куќата на композиторот Георг Фридрих Хендл во 1968 година стана дом на Џими Хендрикс, а тоа беше времето на објавувањето на неговиот албум „Електрик лејдиленд“ (Electric Ladyland). Станот досега се користеше како работен простор на...

Фил Колинс се враќа на сцената

Фил Колинс изјави дека ја прекинува пензијата и планира нова турнеја. „Официјално, повеќе не сум во пензија“, рече Колинс за магазинот „Ролинг стоун“ (Rolling Stone), додавајќи дека „коњот е надвор од шталата и одвај чека да потрча“. Колинс (64) во 2011 година изјави дека ја напушта...

Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во најскапата реклама за казино

Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо во вторникот вечерта беа најславните личности што присуствуваа на отворање на казино во Макао, каде што презентираа 15-минутен краток филм што медиумите го нарекоа најскапата реклама во историјата, пренесе „Денар.мк“. Во филмот „Аудиција“, што...

Рики Џервејс, водител на „Златен глобус 2016“

Актерот Рики Џервејс ќе добие шанса да ја води манифестацијата „Златен глобус“ по пауза од три години. Англискиот актер, комичар и водител е назначен да биде домаќин и водител на „Златен глобус“, на церемонијата во 2016 година. Тој претходно ја извршуваше оваа должност трипати (во 2010, 2011 и...

Меморијален ракометен турнир во чест на Тоше Проески во Прилеп

По повод осумгодишнината од загинувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Прилеп ќе се одржи меморијален ракометен турнир меѓу екипите на ракометните ветерани на Македонија и од Нова Градишка, Хрватска. По тој повод, во посета на Македонија и во Прилеп пристигна делегација...

Осум години од смртта на Тоше Проески

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото...

„Плејбој“ повеќе нема да објавува фотографии на целосно разголени модели

Магазинот „Плејбој“ одлучил повеќе да не објавува фотографии на целосно разголени модели во своите печатени изданија, објави денеска „Њујорк тајмс“. Одлуката, според информациите на „Њујорк тајмс“, најверојатно била донесена минатиот месец, на состанок на кој присутвувал и основачот и актуелен главен уредник на магазинот, Хју...

„Јутро“, нов видеозапис на Калиопи

Калиопи има ново музичко изненадување за своите обожаватели. Музичката дива ја објави баладата „Јутро“, како и видеозапис за истата. „Јутро“ е соработка на Калиопи со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен бизнис-партнер Ромео Грил, кој ги потпишува текстот, музиката и аранжманот на љубовната балада. Видеозаписот е снимен во...

Моана е новата принцеза на „Дизни“

Филмското студио „Дизни“ конечно ја претстави Моана, најновиот лик од последниот најавен проект за следната година, пренесе „Филм24.мк“. Покрај самиот лик и анимираниот филм, „Дизни“ ја претстави и актерката што ја доби честа да ја портретира Моана на филмското платно. 14-годишната Аули Карваљо, родена и израсната...

„Твин Пикс“ по 25 години се враќа на телевизија

Култната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век, „Твин Пикс“, по 25 години од прикажувањето на последната епизода, повторно се враќа на ТВ-екраните. Премиерата е најавена за 2016 година, а режисерот Дeјвид Линч и екипата се во полн ек на снимање. Серијата престана да...

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин продадени за 1,2 милиони долари

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин, дело на белгискиот автор Ерже, биле продадени на аукција во Хонг Конг за 9,6 милиони хонгконгшки долари, односно за 1,2 милиони американски долари, пренесува „Би-Би-Си“. Цртежите на белгискиот стрип-автор се од неговата книга „Синиот лотус“, чие дејство е сместено во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...