fbpx

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји...

АНАЛИЗА: Банките “пливаат” во профити, раст на нефункционалните кредити

Во првата половина од годинава банките "тријат раце", профитот на ниво на банкарскиот сектор е зголемен за фантастични 35,3 отсто во споредба со истиот период лани. Од друга страна, овој раст на добивката не е засенет од растот на нефункционалните кредити на фирмите и...

Државата од даноци големи пари добива, а малку вложува во животната средина [инфографик]

Институциите собираат даноци за животната средина, кои пак државата и општините премалку ги реинвестираат во заштита на водите, почвата, воздухот, шумите и во управувањето со отпадот. Во земјава во 2021 година биле платени даноци за животна средина во висина од 14.273,4 милиони денари или...

За речиси 17 отсто пораснала бројката на плаќања со картички во земјава

Во второто тромесечје на годинава во однос на истиот период од 2022 година, плаќањето со картички за производи и услуги во земјава доживеало скок од 16,6 отсто, се наведува во најновиот статистички извештај на Народна банка. Раст е забележан и кај електронските плаќања, односно е-банкарството. Годишниот...

Учениците во Тетово се срамат да носат храна од дома, нутриционистите предупредуваат на опасностите од брзата храна

Учениците се срамат да носат храна подготвена дома, а во околината на училиштата во Тетово нема места каде се продава здрава храна. Според нутриционистката Енеса Несими, лошата исхрана, посебно во адолесценцијата, предизвикува дополнителни проблеми, меѓу кои се проблемите со здравјето на срцето, слабеење на...

АНАЛИЗА: Општински буџети – најмногу се троши за плати, главен приход се трансферите

Општина Сарај со највисока стапка на реализација на приходите по основ на данок на имот во период од половина година. Дел од општините имаат позначајни приходи и од наплата на такси и надоместоци. Платите, придонесите и надоместоците се доминантна расходна ставка во општинските буџети,...

Анализа: Општините најмногу трошат за плати, мала наплата на данок на имот

Највисоки трошоци за плати, придонеси и надоместоци. Најголема приходна ставка се трансферите. Наплатата на данок на имот во првите шест месеци е со бавно темпо. Колку и по кој основ се полнеле и трошеле локалните буџети? Порталб.мк во две продолженија на анализата ќе објави...

(АНАЛИЗА) Плати, услуги и градежни работи: од каде се крати, а каде се додава со буџетскиот ребаланс?

Помалку пари за водовод и канализација, за градежни зафати и за невладини организации со буџетскиот ребаланс. Во дел од институциите и министерствата има и кратење на сумите за договорни услуги и за патни и дневни трошоци, но кај дел има зголемување, пишува Порталб.мк. Буџетски поместувања...

Аерозагадувањето нема да го снема со 50.000 нови автомобили, колку што Скопје добило деценијава [инфографик]

Европската недела на мобилност завршува денеска, а во изминативе денови низ македонските општини се одржаа бројни настани со возење на велосипеди и изјави на функционерите со поуки за користење на алтернативен превоз. Но, во реалноста, официјалните бројки говорат за пораст на бројот на возила...

Општина Кичево троши повеќе за обештетување за каснувања, отколку за третман на кучињата-скитници

Само за една година, Општина Кичево потрошила повеќе пари за обештетување на лицата кои се каснати од кучиња-скитници, отколку за третманот на кучињата. Според податоците што ги обезбеди Порталб.мк, во текот на 2022 година Општината наменила 1,2 милиони денари или 19.500 евра за прашањето...

АНАЛИЗА: Увид во ребалансот на Буџетот, помалку трансфери за невладините, кратења за комунални услуги

Милионски суми од капиталните расходи се скратени за да се обезбедат пари за повисоки плати. Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења, пишува Порталб.мк. Финансиски поместувања во министерствата За Министерството за политички систем се...

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот,...

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

Од утре почнуваат со примена измените во Кривичниот законик (КЗ), кои беа изгласани во Собранието за експресно време, по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна дебата. Со измените, меѓу другото, се предвидуваат пониски казни за дела поврзани со злоупотреба на службената положба,...

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без...

Жена со церебрална парализа живее во зграда без лифт – матичниот лекар одбивал да дојде кога имала ковид

Од 23 до 37 проценти од анкетираните жени со попреченост чувствуваат дискриминација кога одат кај матичен лекар, а повеќе од половината сметаат дека просториите на избраните лекари од различна дејност не се или се делумно пристапни. Проблем со основна физичка пристапност до ординациите е...

Македонија во БРИКС: Реалност или фантазија на евроскептиците? [инфографик]

Неодамнешниот самит на земјите од БРИКС, кој се одржа кон крајот на август годинава во Јужноафриканската Република повторно ги отвори вратите за радикалните проруски структури на Балканот кои трагаат по алтернативи за членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Вакви оддеци има...

Анализа на „Порталб“: Најзадолжено претпријатие е МЖ Инфраструктура, а најзадолжена општина – Тетово

Само првите пет најзадолжени јавни претпријатија на централно и на локално ниво, на крајот од јуни имале доспеани, а неплатени обврски во износ од 68 милиони евра, а петте најзадолжени општини (во кои е вклучен и град Скопје), на крајот од првото економско полугодие,...

РЕПОРТАЖА: Трите првачиња од Мустафино ќе ги учи наставничка која патува 160 километри на ден

„Време е за училиште, ѕвончето нас нè вика, сите во училница“. Стиховите од оваа песничка, ги пееја учениците од второ до петто одделение, кои со смислена игра и кореографија, денеска ги пречекаа нивните три нови другарчиња - првачиња во подрачното училиште „Даме Груев“ во...

Сè помалку се раѓаат бебиња, процентот намален за 9 отсто во споредба со лани [инфографик]

Природниот прираст во земјава и понатаму е негативен, а видно се намалува и бројот на живородени деца, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Според денешните објавени податоци, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од...

Родителите на прваче ќе треба да одвојат во просек 200 евра за почетокот на учебната година [инфографик]

Пред почетокот на учебната година, родителите на основци и на средношколци ги подготвуваат своите деца за претстојната учебна година. Највозбудени се првачињата, кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Колку родителите ќе ги чини почетокот на новата учебна година? Мета.мк ги разгледа цените...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...