fbpx

Проверка на факти

Фејсбук дозволи манипулирано видео да остане на платформата – што значи тоа за борбата против дезинформации?

Мета (матичната компанија на Фејсбук) одлучи да не отстрани манипулирано видео на социјалната мрежа Фејсбук, каде навидум се прикажува како Џо Бајден несоодветно ја допира својата внука. По неколку месеци, надзорниот одбор за модерирање на содржина ја потврди нивната одлука како исправна. Со ова...

Вакцините не влијаат на интелигенцијата, ама невакцинираните влијаат на колективниот имунитет

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ефектот на вакцината не е намалување на интелигенцијата, туку спречување на заразни заболувања кои водат до тешки компликации и смрт. Вакцинираните лица не влијаат негативно на невакцинираните, но невакцинираните спречуваат да се создаде колективен имунитет, кој пак,...

Не е вистина дека патните исправи на Република Северна Македонија нема да важат ако го содржат новото име

Преспанскиот договор уредува кодот за нашата земја на регистарските таблички на возилата да биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). Затоа, патните исправи...

Министерството за правда уште во декември испрати барање за екстрадиција на Палeвски

Објава дезинформира дека Министерството за правда не испратило барање за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо од Турција и покрај тоа што самото барање беше испратено експресно во декември и по него веќе се постапува од страна на турските власти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Антиваксерска објава шири невистини дека се прави геноцид врз децата

Не постојат медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со појавата на аутизмот кај децата. Наспроти тоа, има медицински докази дека вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа...

Мицкоски испрати двојна порака за „црните листи“

Мицкоски во интервјуто за Клик плус на ТВ 21 (15.01) испрати двосмислена порака кон јавноста околу „црните листи“ на САД и на Велика Британија. Тој на два-три пати изјави „остајте ги црните листи, не ни помагаат црни листи, црната листа на САД е нешто...

Како Конески со примерот на украинскиот го бранел македонскиот јазик

Конески во своето дело објавено во 1948 година ги разобличува архаичните тези дека македонскиот јазик е вештачка творба, измислица, дијалект на бугарскиот. Во својата книга тој укажува и на тоа дека ваквото оспорување на јазикот и нацијата им се случуваат и на поголеми народи,...

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје...

Кратенката МКД останува на личните документи, НМК е само за регистарски таблички

Според Договорот од Преспа кодот за земјата на регистарските таблички на возилата ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објави на социјалните мрежи невистинито тврдат...

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа...

Вакцината против голема кашлица е безбедна, над 180 милиони дози се дистрибуирани ширум светот

Единствените луѓе кои зборуваат за некакво криење на бројот на починати како последица на вакцинирањето, е мала група на луѓе кои шират теории на заговори. Во секоја држава вклучително и во нашата, евентуалните несакани ефекти се пријавуваат во одделот за фармаковигиланца при Агенцијата за...

Трагите од авиони на небото немаат никаква поврзаност со големата кашлица

Големата кашлица не се шири преку авионите коишто летаат на небото, како што се инсинуира во објавата. Не е вистина дека оние кои имаат симптоми на големата кашлица, всушност, се отруени од прскањето со авиони. Сосема е неверојатно намерно да се шири одредена болест...

Вистиномер реагира на најновата дезинформациска кампања против порталот и редакцијата

Она што не може да се забележи во оваа дезинформациска кампања, како и во претходните, впрочем, е било каква аргументација од страна на напаѓачите, за евентуална грешка, превид или невистина искажана од редакцијата на Вистиномер, која би ги оправдала нападите и заканите против нас....

Вирална Фејсбук објава ги наведува родителите да не ги вакцинираат децата

Во оваа објава вакцините се претставуваат како штетни за децата што е неточно и многу опасно. Вакцините обично се даваат во детството заради заштита од сериозни, често смртоносни болести. Тие му помагаат на имунолошкиот систем поефикасно да се бори против инфекциите, со тоа што...

Здравствените експерти не хистеризираат за големата кашлица во Скопје, туку состојбата е алармантна

Антивакцинална објава обвинува за хистерија околу состојбата со голема кашлица, заразно заболување кое може да биде фатално за невакцинираните доенчиња. Во земјава опфатот со вакцини кои штитат против оваа болест е незадоволителен, а Комисијата за заразни болести препорачува прогласување епидемија во Скопје и да...

Контраспин: Несериозностa во примената на договорот од Нивице нема да се избрише со промена на законите

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат кога велат дека со промена на два-три закона ќе се решеле проблемите и маките на граѓаните со вадење на нови документи. Таквиот предлог е само покривање на пропустите што се направени досега, посебно на СДСМ, а обврската за нови документи...

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се...

Антиваксерска објава шири дезинформации против ДиТеПер вакцината

Фото: Pixabay/qimono
Во објавата што ја рецензираме се изнесуваат невистини дека нивоата на алуминиум во ДиТеПер вакцините биле толку високи што предизвикувале низа болести, што не е вистина зашто алуминиумот е присутен како адјувант во вакцините со децении наназад во многу ниски дози кои не предизвикуваат...

Мета факт: Тошковски невистинито тврдеше дека ќе важат возачките дозволи со старото име

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на 6 февруари годинава во интервју за телевизија Алсат изјави дека во државата ќе важат возачките дозволи на граѓаните со старото име - Република Македонија. Само пет дена по оваа изјава, вчера, МВР излезе со соопштение дека...

Мета факт: Новите корисници на студентски стипендии неделава не добија исплата

Студентите кои се нови корисници на стипендии не ги добија првите исплати во текот на оваа недела, како што најави Министерството за образование и наука (МОН), со што изјавата на МОН дадена на Мета.мк ја оценуваме како невистинита. Министерството за образование доцни со исплата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...