fbpx

Проверка на факти

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат...

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема...

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова...

Контраспин: Јакимовски како Трамп – жртва на длабоката држава и на Сорос!?

Стевче Јакимовски не е обвинет, ниту осуден за некое кривично дело за какво што го товарат САД со назначување на нивната „црна листа“. Тој, се разбира, може да си ја продолжи претседателската трка и градоначалничкиот мандат доколку не ги освои претседателските избори. Но, тоа...

Мета факт: Ништо од зелените кули за „нула смог“ на Муцунски

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат...

Белгискиот политичар е осуден затоа што јавно го негирал холокаустот и ширел расистички говор

Белгискиот политичар Дрис Ван Лангенхов не бил осуден само затоа што споделувал навредливи мемиња во група за разговор. Тој бил осуден за говор на омраза, за ширење расистички, нацистички и негационистички говор. Ван Лангенхов е политички активист и водач на фламанско-националистичко младинско движење наречено...

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва...

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски...

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките не е фашизам, туку заштита на населението

Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита...

Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство

Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a...

Францускиот предлог не ја содржи бугарската негаторска резолуција

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во интервју на Канал 5 телевизија изјави дека во францускиот предлог и во деловите од преговарачката рамка „ја има суштината на бугарската резолуција, во која се негираат македонскиот народ, нација, идентитет и историја“. Со преглед на јавно достапните документи...

Стигматизација на ЛГБТ заедницата: Законот за родова еднаквост не е донесен и нема врска со јавни тоалети

Објава на социјалната мрежа Фејсбук манипулира со законот за родова еднаквост и шири купишта невистини за неговите цели и содржина. За законот има објавено само драфт верзија, во која воопшто не се споменуваат јавните тоалети, туку тој се однесува на унапредување на правата на...

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна...

Контраспин: Концептот „Да станеме посакувани и Бугарија ќе биде пред свршен чин“ е магла

Во уште еден неодреден сет одговори за европската перспектива на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, нејзиниот лидер Мицкоски во еден момент најавува не така брзо решение „доколку од другата страна немаме вистински партнер“ и потоа искажува спин, нудејќи концепт дека прво треба...

Пресудата за сопственикот на „Беса транс“ е за фалсификување исправа, а не за причините за несреќата

Сопственикот на „Беса транс“ доби казна од една година и осум месец затвор за делото фалсификување исправа за автобусот, со кој во ноември 2021 година во Бугарија загинаа 45 лица. Исто така, казнета е и фирмата „Беса транс“ како правно лице, со парична казна...

Сложни „владици“ во Собрание си мрсат

Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои...

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс...

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е...

Браната „Св. Петка“ е поголема инвестиција од браната „Конско“

Одлична е веста за завршувањето со работа и пуштање во употреба на браната „Конско“ во гевгелиско, со што се обезбедува вода за наводнување на илјадници хектари земјоделски површини во реонот на гевгелиско поле. Сепак, еден детаљ не соодветствува на вистината. Браната со инвестиција од...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...