fbpx

Пораките на „блекбери“ не можат да се пресретнат

Лидерот на пазарот на безбедни комуникации, компанијата „Блекбери“, ја унапреди заштитата на најпознатата апликација за праќање пораки во реално време. Компанијата „Блекбери“ ја унапреди апликацијата „Би-Би-Ен“ (белкбери месинџер), додавајќи уште едно ниво на шифрирање (енкрипција) податоци при размена пораки со други мобилни платформи. Дополнителната заштита, без...

Британската ТВ „Скај“ влегува на пазарот на мобилни телефони

Британската телевизија „Скај“, за која се плаќа претплата во Велика Британија, планира во 2016 година да направи пробов во областа на мобилните телефони со шпанскиот „Телефоника“, сопственик на операторот „О2“, што би довело до создавање моќен играч на британскиот пазар на телекомуникации, кој во...

Фински научници направиле пребарувач подобар и од „Гугл“

Научници од Финска тврдат дека измислиле интернет-пребарувач кој ќе ги надмине сите актуелни и им овозможува на корисниците многу поефикасно да сурфаат. „Сајнет“ (SciNet), развиен од страна на научниците во Хелсинки, е дизајниран за комплексни пребарувања, како, на пример, кога корисниците не се сигурни како...

Произведена е батерија што може да се витка

Иновациите во ИТ-светот се чести и интересни, но научниците од Јужна Кореја го воодушевија светот претставувајќи ја флексибилната батерија на саем во Јапонија. Батеријата „џеј флекс“ (J.Flex) е дизајнирана за да ѝ помогне на индустријата за мобилни уреди, која завладеа со светот. Ваквата батерија ќе помогне...

Опаѓа бројот на корисници на „Фејсбук“

Компанијата „Глобал веб индекс“ направи анкета во која за три месеци учествуваа 40.000 лица од 32 држави, која покажува дека просечниот интернет-корисник има по пет профили на социјалните мрежи, а е активен на три. Лицата на возраст меѓу 16 и 24 години, во просек имаат...

Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Компанијата „Околус рифт“ на фестивалот „Санденс“ го претстави својот прв краток филм наречен „Изгубен“ (Lost), кој посетителите можат да го погледнат со помош на виртуелни очила. Во филмот, гледачот се поставува во улога на големи роботски раце кои се наоѓаат во шума и трагаат по...

„Фејсбук“: Не е точно дека сме хакирани

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и уште неколку сервиси утринава престанаа да работат, а хакерската група Лизард сквод соопшти дека е одговорна за DDoS нападите на овие мрежи. Сепак, „Фејсбук“ истакнува дека нема место за загриженост затоа што популарната социјална мрежа не е хакирана. Компанијата соопшти дека прекинот...

Светските граѓански здруженија покренаа „Интернет социјален форум“

Дваесет и четири меѓународни граѓански организации во  Женева формираа „Интернет социјален форум“ (Internet Social Forum), кој има цел да треба да биде алтернатива на „Светската мрежна иницијатива“ (Net Mundial Initiative), формирана на минатогодишниот Светски економски форум, кој во август се одржа во Бразил. Иницијаторите бараат...

Сноуден не користи „ајфон“ од безбедносни причини

Поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, не користи „ајфон“ бидејќи паметниот телефон на компанијата „Епл“ има „таен шпионски софтвер“, вели неговиот адвокат во Русија, Анатолиј Кучерена. - Сноуден не користи „ајфон“, туку најобичен телефон. Тоа е така од безбедносни причини. Тој уред има посебен, скриен софтвер...

„Ајфонот“ доби сериозна конкуренција од Кина

Произведувачот на паметни телефони „Ксиаоми“ станува сè посилен во својот лов на пазарот со кој владее компанијата „Епл“ со својот „ајфон“. Кинеската компанија неодамна претстави нов модел кој може да се натпреварува со „ајфон 6“, но е потенок, полесен и, најважно од сè, е поевтин....

„Амазон“ почнува да снима филмови

Компанијата „Амазон“ објави дека ќе снима и ќе снабдува со филмови кои првобитно ќе бидат наменети за кината, а потоа ќе ги дистрибуира на нејзините претплатници преку услугата „прајм инстант видео“. Американскиот гигант во интернет-дистрибуција објасни дека филмовите кои ќе ги произведува ќе бидат достапни...

„Самсунг“ ќе ја купи „Блекбери“

„Самсунг“ размислува да ја преземе компанијата „Блекбери“ и е подготвена да плати околу 7,5 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Јужнокорејската компанија нуди од 13,35 до 15,49 долари за акција на „Блекбери“, што е од 28 до 60 отсто повеќе од нивната сегашна реална вредност на пазарот. „Самсунг“...

Лансирана социјална мрежа за компании – „Фејсбук на работа“

„Фејсбук“ вчера и официјално ја лансираше својата услуга за правни лица, која им овозможува на организациите да имаат компаниска социјална мрежа „Фејсбук на работа“ (Facebook at Work). Новата понуда се темели на верзијата на „Фејсбук“, која е достапна преку главната интернет-страница, а која им овозможува...

„Мајкрософт“ ја прекинува поддршката за „виндоус 7“

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека ја прекинува стандардната поддршка за „виндоус 7“, додека проширената поддршка ќе постои до јануари 2020 година. Овој оперативен систем повеќе нема да добива нови функции или промени во дизајнот, но до 14 јануари 2020 година ќе добива сигурносни надградби. „Виндоус“е најраспространетиот оперативен...

„Спуфти“ има 60 милиони корисници

Шведската веб-страница за емитување музикана интернет, „Спуфти“, која наскоро би можела да се појави на берзата, сега има 60 милиони корисници, од кои 15 милиони со платена претплата. - Пред два месеци, групата имаше 50 милиони корисници - рече извршниот директор, Даниел Ек. Четириесет и два отсто...

„Твитер“ воведува видеоуслуга

Следните неколку недели, „Твитер“ ќе ја претстави својата нова услуга, која вклучува снимање и објавување видеоснимки на мрежата. Во сопственост на социјалната мрежа се наоѓа и сервисот „Вајн“, кој овозможува снимање до шест секунди, а желбата на челниците на „Твитер“ е дополнително да се зголеми...

И „Гугл“ наскоро ќе преведува говор во живо

Компанијата „Мајкрософт“ неодамна на својот „скајп“ ја претстави можноста за преведување човечки говор, а се чини дека таа опција наскоро ќе ја воведе и „Гугл“, пишува „Њујорк тајмс“ . „Гугл“ наскоро треба да ја објави новата верзија на „гугл-преведувачот“ за „андроид“, а надградбата вклучува и...

„Епл“ доби лиценца за свитлив „ајфон“

„Епл“ доби лиценца за свитливиот телефон „ајфон флекс 2“ (iPhone flex 2), кој освен подобра отпорност, опфаќа и функции што ќе можат да се активираат кога уредот ќе биде „свиткан“. Паметните телефони имаат тенденција да се свиткуваат кога подолго време се држат во џебовите на пантолоните,...

„Асус зенфон зум“ е најтенкиот паметен телефон со камера

Трендот на паметни телефони со супер камера го почна „Нокиа“ со легендарниот „пјур вју“ (PureView) со 41-мегапикселна камера, па оттогаш ретко кој освен „Самсунг“ се обиде да лансира сличен паметен телефон, објави интернет-порталот „Телефони“. „Асус“ планира да го промени тоа со новиот „зенфон зум“...

„HTC one M9“ ќе има врвни камери и 64-битен процесор

Паметниот телефон „HTC one M9“ ќе има 64-битен процесор и одлични камери на предната и на задната страна. Според најновите информации, уредот има 64-битен осумјадрен процесор „snapdragon 810“ и работна меморија од три гигабајти. Покрај ова, „Ха-Те-Це“ се откажува од конфигурацијата „DUC camera“ која е присутна...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...