fbpx
Свет Страница 6

Свет

Погребот на Навални во тензична атмосфера и под силно полициско обезбедување

Стотици луѓе се собрани зад металните полициски бариери кои го блокираат влезот во црквата каде што треба да се одржи богослужбата во Москва на опозицискиот лидер Алексеј Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, пред неговиот погреб, пренесуваат светските медиуми. Со големо полициско присуство, групите...

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно влијаеше да се премисли за понудата на САД...

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава во Тирана

Лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници од ЕУ беа присутни на самитот во Тирана, кој е продолжение на самитот кој се одржа во Скопје претходниот месец. Во фокусот беше планот за раст за земјите од Западен Балкан и како тој може да...

ЕУ: Нова директива за SLAPP тужбите, воведени две заштитни мерки

Пратениците на Европскиот парламент усвоија нова директива со која се заштитуваат новинарите, активистите и нивните организации од судски процеси насочени кон намалување на слободата на говорот, таканаречени SLAPP тужби, соопшти ЕУ Инфо центарот во Србија, пренесе Н1. Европскиот парламент, со 546 гласа „за“, 47 „против“...

Бројот на убиени во Газа надмина 30 илјади

Бројот на убиени при израелската офанзива во Газа, која започна на 7 октомври, денес надмина 30 илјади, односно 1,3 отсто од 2,3 милиони Палестинци во Газа, соопшти министерството за здравство на Газа. Повеќе од 70 илјади луѓе се водат како повредени, пренесува Би-би-си. Според министерството...

Путин повторно предупреди на ризик од нуклеарна војна

Во своето годишно обраќање во рускиот парламент, рускиот претседател Владимир Путин ги уште еднаш предупреди Западот и НАТО дека доколку пратат свои војници во Украина постои вистински ризик за нуклеарна војна, потенцирајќи оти Русија има свои цели во Западот. Иако и генералниот секретар на НАТО,...

Германија парализирана, штрајк на јавните превозници

Вработените во градскиот и приградскиот транспорт во неколку германски провинции утринава започнаа дводневен предупредувачки штрајк. Автобусите, трамваите и метрото во многу градови останаа паркирани, пренесува германската новинска агенција ДПА. Синдикатот Верди повика на штрајк до петок во обид да се зголеми притисокот врз работодавачите во...

Илиноис му забрани на Трамп да се кандидира за републикански кандидат за претседател

Американската држава Илиноис му забрани на Доналд Трамп да се кандидира на изборите на републиканската партија за кандидат за претседател. Според судијата, оваа одлука е последица на инволвираноста на Трамп во упадот во Капитол Хил во 2021 година, пренесува Би-би-си. Сепак, одлуката е ставена во...

Приднестровје побара „заштита“ од Русија, оживувајќи ги стравовите за отцепениот регион на Молдавија

САД соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата во отцепениот молдавски регион, самопрогласената република Приднестровје (Транснистрија), откако проруските претставници на територијата апелираа до Москва за „заштита“, јави Гардијан. Во ноември 1990 година во Молдавија, земја од поранешниот СССР, изби војна помеѓу молдавската власт и сепаратистичките сили...

Вештачката интелигенција е главна алатка во само 3 проценти од германските компании

Само три отсто од германските компании користат вештачка интелигенција (ВИ) како главна алатка за нивната секојдневна работа, соопшти дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување, пренесе германската агенција ДПА. Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа...

Повеќе од милион луѓе во 2023 година барале азил во Европа

Минатата година повеќе од еден милион луѓе побарале азил во 27. земји на Европската Унија, Норвешка и Швајцарија, објави Агенцијата за азил на Европската комисија, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Околу 1,14 милиони барања се за 18 отсто повеќе од претходната година, наведува агенцијата...

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва, потврди неговата портпаролка, а пренесува Би-Би-Си. Погребот ќе се одржи на гробиштата Борисовское, по прошталната богослужба во московската црква. Неговата портпаролка Кира Јармиш вчера рече дека тимот се мачел да најде место за одржување на церемонијата –...

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија. „Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица. „Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи...

Фон дер Лајен: ЕУ да размисли за користење на замрзнатите руски средства за украинската војска

Европската Унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување воени материјали за Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а пренесува новинската агенција Ројтерс. „Време е да се започне разговор за користење на неочекуваните профити...

Од француски воз била украдена торба со безбедносни планови за Олимпијадата во Париз

Торба со компјутер и два USB стикови на кои се наоѓаат полициските безбедносни планови за Олимписките игри во Париз, била украдена од воз на станицата Гаре ду Норд, соопшти Гардијан. Торбата му припаѓала на инженер од градското собрание на Париз кој ја сместил во багажниот...

Шолц ги отфрли обвинувањата на Макрон: Испраќањето војници во Украина не е опција

Германскиот канцелар Олаф Шолц категорично ја отфрли можноста за испраќање копнени трупи на земјите од НАТО да се борат во Украина, пренесе германската агенција ДПА. Оваа можност претходно ја спомена францускиот претседател Емануел Макрон. На Самитот за помош на Украина во понеделникот во Париз, каде...

Емотивни врски и пропаганда: Руската „мека моќ“ на Балканот

Руските медиуми Спутник и РТ (Раша Тудеј) Балкан кои работат во Србија, се користат како пропагандни алатки на путинова Русија и ја претставуваат руската „мека моќ“ во регионот. Оваа пропаганда од Москва преку содржините кои ги објавуваат двата руски медиума, а реобјавуваат српските медиуми,...

„Сејф џурналистс“: Да се пронајде и казни тој што се заканува со смрт на новинарите во „Н1“

Редакцијата на српската телевизија „Н1“, добила смртни закани синоќа во коментари на веб-страницата, предупреди денеска мрежата „Сејф џурналистс“. Покрај бројните навреди, таргетирање како предавници и закани дека „знаат каде живеат (новинарите) и какви автомобили возат“, во коментарот стоеше и дека „наскоро сите ќе бидат...

Шолц: Навални беше убиен од режимот на Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, пренесе германската агенција ДПА. „Јас, како и сите други, претпоставувам дека тој е убиен од режимот“, рекол Шолц на состанокот на главните уредници во агенцијата ДПА. Тој додаде дека...

Макрон: Поразот на Русија во Украина е од суштинско значење за безбедноста во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не ја исклучува можноста за испраќање копнени трупи во Украина, но додаде дека нема консензус за таков чекор. Тој ова го изјави на состанокот на 20 главно европски лидери во Париз, кој го свика за да се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...