fbpx
Свет Страница 5

Свет

„Супер вторник“: Бајден и Трамп доминираа на прелиминарните избори, Хејли со изненадувачка победа во Вермонт

Џо Бајден и Доналд Трамп во голема мера стигнаа до лесни победи во таканаречениот „Супер вторник“ - ден кога гласачите во 15 сојузни држави и една американска територија гласаат за номинација на кандидати од Демократската и Републиканската партија. Во раните резултати, Бајден и Трамп...

Истрага за руската шпионажа: Германски офицер користел несигурна врска

Русите успеале да го прислушуваат разговорот меѓу високите офицери на Бундесверот за крстосувачките ракети Таурус поради грешка на еден од учесниците во дискусијата. На тоа укажуваат првите резултати од истрагата, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесе германската новинска агенција ДПА. Писториус вчера изјави...

Забрана за тргување на сè што е производено со принудна работа, одлучи ЕУ

Без разлика дали станува збор за шраф, зрно какао, метла или автомобил - во иднина ништо што е произведено со принудна работа нема да може да се тргува во Европската Унија. Забраната беше договорена од преговарачите на Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ, пренесе...

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан. Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа. „Израелската влада...

Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење...

Украина тврди дека потопила руски воен брод во окупираниот Крим

Украина тврди дека потопила руски воен брод во близина на Керчкиот Проток во окупираниот Крим, како дополнителен удар врз поморската моќ на Москва и нејзината контрола над Црното Море. Воената разузнавачка агенција ХУР во Киев соопшти дека вчера го нападнала бродот „Сергеј Котов“, кој бил...

Германската министерка во Западна Африка предупреди на влијанието на Русија

Германската министерка за развој Свења Шулц пред нејзиното патување во Западна Африка предупреди на исламистичкиот тероризам и руското влијание во тој регион. „Терористичките групи кои се шират и растечкото руско влијание во регионот имаат потенцијал дополнително да го дестабилизираат целиот регион во соседството на Европа“,...

Концeртите на Тејлор Свифт во Сингапур предизвикаа критики од другите земји во регионот

Сингапурскиот премиер Ли Сјен Лунг го брани ексклузивниот договор со Тејлор Свифт кој предвидува Сингапур да биде единствената станица во југоисточна Азија на нејзината светска турнеја, тврдејќи дека не станува збор за непријателски чин кон соседните земји, пренесува Гардијан. „Нашите агенции преговараа со неа да...

Писториус: Тврдењата на Кремљ дека Германија планира војна со Русија се апсурдни

Руските власти соопштија дека наводна снимка од германска воена дискусија покажува оти вооружените сили на Германија разговарале за планови за напад на руска територија, пренесува Гардијан. Руските медиуми во петокот објавија 38-минутна снимка од разговор во кој наводно се слушаат германски службеници како разговараат за...

Објавен регионалниот мониторинг извештај за дезинформациските наративи во Западен Балкан

Голем дел од дезинформациите кои се однесуваат на светските случувања во земјите од Западен Балкан, се стремат кон обликување негативна перцепција за Украина и Западот (НАТО, ЕУ и САД) и генерираат поддршка за геополитичките цели на Русија во регионот. Ова го покажа последниот мониторинг...

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон, што е нејзина прва победа над поранешниот американски претседател во кампањата за 2024 година за тоа кој ќе стане републикански претседателски кандидат. Хејли, која е единствен преостанат предизвикувач на Трамп, освои 62,9 отсто...

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа, објави „Гардијан“. Вежбите започнуваат денеска и ќе траат речиси две недели, а целта е одбрана на својата новопроширена нордиска територија. Повеќе од 20.000 војници од 14 земји ќе учествуваат во вежбите предводени од Норвешка, во северните региони...

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер...

Три бебиња жртви на рускиот напад со дрон во Одеса, прогласен е ден на жалост

Бројот на загинати во напад на рускo беспилотно летало врз станбен блок во украинскиот град Одеса се искачи на десет, откако телото на третото дете беше извлечено од урнатините, соопштија денеска властите, пренесе Си-Ен-Ен. „Телото на друго бебе штотуку е пронајдено покрај телото на жена....

Рот му порача на Вучиќ: Вие не сте Србија, претседателе

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, ја критикуваше политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на вчерашната прес-конференција го нарече „србомразец“. Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дел од говорот од прес-конференцијата на Вучиќ и му одговори дека изјавата „Јас...

Млади активисти ја обоија Германската канцеларија, бараат свесност за климатските промени

Членовите на групата за климатски активизам „Последната генерација“ истурија портокалова боја на фасадата на Германската канцеларија вчера наутро, пренесува германската агенција ДПА. На фотографијата објавена од групата се гледа натписот: „Помогнете! Вашите деца“, напишана со големи букви и бројни отпечатоци од раце. Можат да се...

Израел-Газа: Се зголемуваат надежите за нов привремен договор за прекин на огнот

Делегација на Хамас, наводно, пристигнала во Каиро, Египет, со што се зголемуваат надежите за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа, пишува Би-би-си. Неименуван американски функционер изјавил дека Израел „повеќе или помалку, го прифатил“ договорот. Од САД велат дека шестнеделната пауза ќе овозможи ослободување...

Најмалку 120 луѓе уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Навални

Најмалку 120 луѓе беа уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Алексеј Навални, кој вчера беше погребан во Москва по неговата сомнителна смрт во затвор минатиот месец. Навални беше погребан на гробиштата во близина на неговиот дом од детството во Москва,...

Бајден се надева на договор до почетокот на Рамазан за прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева дека ќе се постигне договор за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа до почетокот на Рамазан. Муслиманскиот свет месец, во текот на кој припадниците на верата постат од утро до зајдисонце, ќе започне...

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на Владимир Путин. На видеата кои се емитуваа во живо од гробиштата Борисовски, мајката на Навални, Људмила...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...